Балкан
31. October 2018 - 20:50

Мегабранови удираат на Дубровник: Високи дури 9 метри, рушат рекорди и се пред себе

Според податоците на Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ), во понеделникот на неколку мерни станици се измерени рекордни бранови.

Имено, Хрватскиот хидрографски институт има можност за следење во реално време на вредноста на висината, периодот и насоката на брановите на станиците Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник.

Така во понеделникот се измерени рекордни бранови на станиците во акваториумот во Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник.

Измерената максимална висина на брановите во акваториумот во Ровињ изнесувала дури осум метри со припаѓачка значајна висина на брановите од 4,57 метри (состојба на морето 6) во период од 9,1 секунда.

Кај сплит е измерен рекорден бран од 3,11 метри со припаѓачка значајна висина на бранот од 1,80 метри (состојба на морето 4) во период од 5,7 секунди.

На бранографската станица во Дубровник (покрај островчето Св. Андрија) измерен е максимален бран со висина од 9.03 метри и припаѓачка значајна висина на бранови од 4,55 метри (состојна на морето 6), во период од 9,5 секунди,

Кај Плоче се измерени бранови со максимална висина од 2,52 метри со припаѓачка висина на брановите од 1,13 метри (состојба на морето 3) во период од 4,7 секунди.

Собраните и обработени податоци ќе придонесат за зголемување на безбедноста на пловидбата во наведените подрачја и изработка на безбедносни препораки, стои во соопштението на ХХИ.