Меџити: Имаме мнозинство и покрај тоа што Зибери е во изолација
Координаорот на ДУИ Изет Меџити тврди дека владејачката коалиција СДСМ-ДУИ е стабилна и го има потребното мнозинсто за парламентот да работи во секој момент и покрај тоа што потврди дека пратеникот од неговата партија Арбер Зибери е во изолација, а се уште нема наследник за пратеничка Јагода Шахпаска од СДСМ која од пратеничката функција замина за министер за труд и социјална политика.
„Верувам дека ќе се решат овие проблеми за неколку дена го имаме потребното мнозинство за работа на парламентот“, изјави Меџити. Тој потврди дека при крај е распределбата и на собраниските тела помеѓу СДСМ и ДУИ и дека очекува седница за нивно конституирање до крајот на неделата.
Неофицијално освен проблемите околу мнозинството кое сега наместо 62 поради Зибери и Шахпаска е сведено на 60 пратеници проблем е и Комисијата за евриопски прашања со која сака да раководи БЕСА.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
-

Помалку повреди и смртни случаи на работа преку нов проект финансиран од ЕУ
-

Помалку пари за ретки болести предвидени за идната година
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
