Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата Ал Арабија истакна дека Москва не сака да биде употребено нуклеарно оружје.
– Употребата на нуклеарно оружје во согласност со нашата доктрина е последната опција. Воопшто не сакаме тоа да се случи. Никој не е луд во руското раководство, наведе Медведев.
Според него, конфликтот во Украина може да биде прекинат без дополнителни загуби за човештвото доколку НАТО престане да го разгорува огнот на војната.
Медведев наведе дека украинските напади со оружје со долг дострел само ја отстрануваат можноста за преговори.
– Тоа нема да помине без последици. Ова, се разбира, важи и за преговорите, кои сè уште се далеку, а настаните како овој само ги оддалечуваат. Но, тоа важи и за целата ситуација, истакна Медведев.
Ново на Сител
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски