Македонија
29. March 2023 - 16:39

Медиумите не се по мерка на академијата - Доделени дипломи на идните судии и обвинители

Идните судии и обвинители кои потекнуваат од семејства на политичари и судско-обинителската служба, денеска ги земаа потврдите за завршена академија.. Иако ден за паметење, првиот човек на институцијата не сметал дека настанот треба да го овековечат медиумите. Покана добила само државната МИА бидејќи како што вели Габер-Дамјановска, агенција ниту додавала, ниту кратела во своето информирање. Салата на Врховниот суд не е доволна ниту за роднините, вели директорката на академијата.

Дали свесно се изоставени медиумите за да не поставуваат прашања на академците кои се синови, ќерки и брачни другари на актуелни обвинители и политичари, Габер немаше конкретен одговор..

Сопругата на Абази, снаата на секретарката на собранието Иванова, синот на апелациониот судија Беџети се само дел од академците со зцучни презимиња кои во иднидна ќе делат правда и ќе се борат со криминалот. Но дали нивните семејни врски ќе им создаваат проблем во работата, денеска не сакаа да одговорат. Синот на собранискиот спикер Џафери, рече, има време за тоа.

Дека се доделуваат дипломи, јавноста дозна од Судскиот совет кој ја прекина седницата за да одговори на поканата упатена од Академијата за судии и обвинители.. Овде пак денеска се одлучуваше кој ќе добие унапредување во кариерата.. Сепак сите немаа среќа. Највисокиот суд во државата доби двајца судии за граѓанскиот оддел, но не и за кривичниот. Од петмина пријавени, никој не го доби потребното мнозинство јавноста пак не слушна сериозни образложенија зошто се гласало против.

Судски денеска анализираше и каде акадмеците кои денеска добија судиски дипломи ќе ја почната својата кариера.