Македонија
25. April 2018 - 17:17

Медицинската печка во Дрисла доби нов филтер

Пуштен во употреба новиот филтер за апсорбирање на штетни честички, поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад во депонијата “Дрисла”. Инсталирањето на филтерот е во согласност со препораките на Државниот инспекторат за животна средина, а  ќе се користи се до поставувањето на новата печка.

Со цел намалување на загадувањето, направена е промена и на горивото на кое што досега работеше печката, односно мазутот е заменет со природен гас. Новата печка за медицински отпад, треба да пристигне во Јуни.

Со новиот филтер се решава еден еколошки проблем, како за населените места околу депонијата, така и за Град Скопје, смета првиот човек на “Дрисла”.

Во однос на судскиот процес поврзан со партенрот на “Дрисла”, италијанската компанија “ФЦЛ Амбиенте”, Шилeгов истакна декa очекува што е можно побрза одлука од Управниот Суд, со цел продолжување со инвестициите за поквалитетно складирање на комуналниот отпад.