Македонија
10. February 2020 - 16:43

„Медена земја“ не успеа да освои Оскар, но ги освои срцата на сите кинематографи и љубители на филмот

И покрај големите очекувања и пофалби, Оскарите завршија без златна статуетка за македонскиот документарец Медена земја, кој за прв пат во историјат на Американста академија беше номиниран во две категирии-најдобар документарец и странски филм. Експерите велат дека Медена земја заслужи Оскар,но сепак не треба да жалиме, бијдејќи филмот доживеа историски успех.

Галевски филмот, Американа фабрика кој зема Оскар за најдобар докуметарец, а е во продукција на поранешниот претседател Барак Обама, го оцени како просечен филм. За корејскиот Паразит кој го освои Холивуд, рече дека е генијален филм.

Тимот на Медена земја вели дека иако филмот не доби Оскар, биле свесни за големиот успех кој го доживеал.

И покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката, се вели во пораката од екипата на „Медена земја“.

Атиџе пак со моќна порака во Холивуд:

- Сакам публиката да извлече само една порака од филмот, како што јас споделувам со пчелите, така сакам и тие луѓе да споделат едни со други.

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ доби четирите оскари: за најдобар филм, најдобар меѓународен филм, најдобра режија и оригинално сценарио.

Хоакин Феникс го освои својот прв Оскар, за улогата на Џокер во истоимениот филм, а Рене Зелвегер својот втор Оскар за улогата на Џуди Гарланд во „Џуди“.

Добитници на Оскарите за најдобра машка и женска споредна улога се Бред Пит и Лора Дерн, за улогите  во „Беше еднаш во…Холивуд“ и „Брачна приказна“.