Македонија
28. March 2018 - 17:50

МЦМС: Граѓаните се песимисти за ефикасна борба против корупцијата

Пратениците, министрите, лидерите на политичките партии и локалните лидери се најкорумпирани, покажува најновиот извештај на МЦМС, посветен на проценка на корупцијата во нашата земја за минатата година.  Гледано по сектори, на прво место по корумпираност се судовите и обвинителството, пред Министерството за здравство и јавниот здравствен сектор.

Тројца од четворица граѓани сметаат дека судиите и јавните обвинители се најкорумпирани, а 46,9 проценти од испитаниците рекле дека корупцијата секогаш ќе постои, но оти може да биде намалена. 

Од Владата најавуваат дека ќе се залагаат за нулта толеранција кон корупција.

Истражувањето покажало дека МВР, Владата и СЈО уживаат најголема доверба како институции за справување со корупцијата.