Фудбал
9. April 2019 - 21:57

Мбапе: Само Зидан може да се спореди со Пеле

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, го сподели своето восхитување од тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, и рече дека само францускиот стратег може да се спореди со Пеле.

– Зизу е еден од оние што ме инспирираат, исто како Пеле, рече Мабапе, цитиран од „Ел Еспањол“.

Дваесет годишниот француски фудбалер е посакуван од речиси сите европски гиганти, а со еден чекор пред сите се чини е тимот, предводен од Зинедин Зидан – Реал Мадрид.