Свет
13. May 2018 - 13:03

Мажот кој го изврши нападот во Париз е роден во Чеченија

Мажот кој синоќа во центарот на Париз изврши напад со нож и при тоа уби едно лице, а повреди четворица, е роден во Чеченија во 1997 година. 

Француските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, јавија дека напаѓачот има француско државјанство. 

Поради истрагата, родителите на напаѓачот се приведени. 

Како што јави МИА, по синоќешниот напад, француската полиција го уби напаѓачот. 

Тој извикувал „Алах екбер“ (Бог е голем) додека го извршувал нападот.