Свет
16. August 2016 - 10:39

Маж уапсен поради подметнување на пожари во Калифорнија

Американската полиција денеска уапси еден маж под сомнение дека во текот на викендот подметнал пожар во кој изгореа 175 куќи и други објекти во градот Лоуер Лејк, северна Калифорнија.

Уапсениот 40-годишен маж  е осомничен за подметнување на повеќе пожари во тој округ во последната година.

Пожарот во Лоуер Лејк предизвика штета поголема од десет милиони долари, а десетина семејства останаа без домови.