-->
-->
Mаж турна жена пред автобус - Полицијата трага по сторителот
-->
Лондонската полиција соопшти дека трага по маж, кој додека џогирал преку мост, во пролазот турнал жена на улица пред автобус во движење.
За среќа, возачот на лондонскиот даблдекер успеал да ја избегне, а мажот продолжил да трча како ништо да не се случило.
На снимката на безбедносните камери се гледа маж кој трча преку мостот по левата страна на пешачкиот дел, а потоа тргнува кон жена која, при разминувањето ја удира со рамото и ја отфрла на улица.
„Благодарејќи на извонредните рефлекси на возачот, возилото не ја удри“ – изјави наредникот Мат Ноулс.
Полицијата соопшти дека жената 15-тина минути подоцна го видела мажот како со трчање се враќа преку мостот, но и “покрај обидите не успеала да разговара со него“.
https://
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер