-->
-->
Маж со нож убил тројца минувачи во Екатеринбург
-->
Три лица загинаа кога непознат маж со нож нападнал минувачи во близина на железничката станица во рускиот град Екатеринбург, за Е1.РУ изјавија очевидци, додека извор од регионалната влада кажал дека точниот број на жртви и околностите на инцидентот се уште се испитуваат.
Засега се знае само дека во парк во близина на железничката станица во Екатеринбург дошло до конфликт и дека според првичните информации тројца мажи се убиени.
Напаѓачот е уапсен, а полицајците морала да употреби оружје за време на апсењето, откако тој се обидел и нив да ги нападне со нож.
-Кога полицајците пристигнале на местото на инцидентот, се обиделе да го приведат осомниченото лице, вооружено со нож, но лицето се обидело да ги нападне претставниците на МВР. Полицајците биле принудени да го употребат своето служебено оружје, изјави Валери Горелих, шеф на прес службата на Главната администрација на МВР за Свердловската област, јави Е1.РУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд