Свет
1. February 2021 - 19:25

Маж со нож извршил напад на неколку лица во метро во Брисел

Непознат маж денеска со нож нападнал неколку патници во метро во Брисел, во близина на станицата „Molenbeek-Saint-Jean“.

Како што пишува бриселскиот портал Лесоар, има жртви, но се уште не е познат бројот, ниту степенот на нивните повреди.

Еден сведок рекол дека мета на напаѓачот биле исклучиво жени.

Напаѓачот е уапсен, јавува ТВ каналот РТБФ.