Македонија
10. September 2018 - 13:49

Маж пронајден мртов на улица во Гостивар

Десетина минути по полноќ, на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар пронајден  67-годишниот гостиварец Ќ.К, кој не давал знаци на живот, а на чие безживотно тело немало видливи повреди.

Со медицинско возило, починатиот Ќ.К. пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Извршен е увид и телото на починатиот ќе им биде предадено на најблиските.