Македонија
30. May 2021 - 17:45

Маж пријавил дека бил физички нападнат од негов соселанец

На 29.05.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(47) од с.Ракотинци, скопско, затоа што во 13.45 часот во с.Ракотинци физички го нападнал С.Т.(65) од истото село.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.