Македонија
11. April 2018 - 12:13

Маж прегазен на патот Скопје-Велес, починал на КАРИЛ

Повозрасен маж вчера во 15:30 часот бил прегазен на регионалниот пат Скопје-Велес на раскрсницата со село Трубарево, информираат од полицијата.

– С.С.(49) од село Трубарево, скопско управувајќи патничко моторно возило „Шевролет Спарк“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Т.Б.(84) од село Трубарево, стои во полицискиот билтен.

Во незгодата Т.Б. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, по што бил пренесен на КАРИЛ, каде во 19:20 часот починал.