Македонија
31. May 2019 - 15:16

Маж паднал од велосипед и починал

 

На 30.05.2019 година во 15,20 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Љ.А.(68) од Скопје со повреди здобиени од пад од велосипед што го управувал во населбата Шуто Оризари. Подоцна, тој им подлегнал на повредите. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велосипедот бил пронајден, а во извршениот разговор соочевидци на настанот тие изјавиле дека лицето се здобило со повреди од пад од велосипед. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е дадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.