Loading Video...
Свет
6. December 2022 - 16:34

Маж му удри бокс на Бериша, а потоа го претепаа напаѓачот

Бокс во лицето  доби екс албанскиот премиер и лидер на демократската партија  Сали Бериша додека го предводеше протестот на опозцијата во Тирана против албанската  влада.  По ударот Бериша падна на земја додека  неговото обезбедувањето  брутално се пресмета со непознатиот напаѓач, кој како  што информираше  полицијата е пренесен во болница. Кратко по инцидентот Бериша излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејки ништо на светот нема да го порази нарадот и опозицијата, додека пристутните  извикуваа Рама оди си. Протестот се совпадна со самитот ЕУ - Западен Балкан во Тирана, а организаторите порачаа  дека не се против ЕУ туку за и дека ова е начин да им ја кажат на европските лидери  вистината  за Албанија заробена од мафијата предводена од Рама.

Нов напад со беспилотно летало врз воен аеородром на територијата на Русија, трет во последните два дена. Утрово дрон  со долг дострел  го погодил аеродромот во регионот Курск, во близина на границата со Украина, при што се запалил резервоар за складирање нафта.. Жртви нема.  Украина стои  и зад денешниот наапд  соопштија руските власти  и информрираа  дека почнеле со одмазда, напагајќи  го воениот команден систем  на Украина. Властите во Киев  не презедоа одговорност за нападите.

Парламентот на Индонезија усвои нов кривичен законик , со кој се забранаува вонбрачниот секс и ги органичува политичките слободи. Сексуалниот однос надвор од бракот ќе носи казна до една година  а Двојките пак кои живеат заедно во вонбрачна  заедница би можеле да бидат зтавроени до шест месеци. Но за да полицијата може да покрене  кривична истрага за вакви дела, пријвата би требало да ја поднесе член на семејството. Се воведува и забрана за навреда на претседателот или државните институции и искажување ставови спротивни на државната идеологодија. Новите закони кои треба да стапат во сила за три години  подеднакви се однесуваат на локалното население и на странците кои во живеат во Индоензија или пак се на одмор.