Балкан
5. јуни 2018 - 9:28

Маж крвнички тепаше жена сред Истанбул: Се појави група мажи, а потоа како „гром“ да го погоди

На снимката од надзорните камери во Истанбул се гледа маж како бесно ја малтретира и тепа својата жена.

Тој на крај ја собори на земја и продолжи да ја тепа со ролна весник. Во тој момент се појави група мажи, од кои еден се залета со глава кон насилникот и го „патосираше“.

Жената почна да се оддалечува кога тепачката почна да излегува од контрола пред масата луѓе.

-Ја тепаше жената, таа плачеше и викаше. Потоа еден од минувачите го нокаутираше, кажа еден од сведоците.

-Жената беше преплашена, викаше толку што ја слушна целата улица. Се обидуваше да се заштити. Вакво насилство е недозволиво, вели уште еден од сведоците.

Медиумите наведуваат дека насилството почнало откако парот, за кој се верува дека е разведен, се сретнал пред судот во Истанбул, каде требало да се одржи сослушување. Мажот, кој е идентификуван како Мехмет Т., подоцна е уапсен.