Македонија
26. September 2020 - 10:58

Маж фатен како краде во Струга

Синоќа околу 00.05 часот на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Г.(40) од Струга, затоа што бил затекнат при извршување кривично дело кражба во куќа на наведената адреса, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.