Ракомет
17. February 2016 - 13:37

Мавсар потпиша за ЖРК Вардар

ЖРК Вардар, на својата официјална интернет страница, го потврди трансферот на репрезентативката на Словенија, Тамара Мавсар. 24-годишната ракометарка потпишала двегодишен договор, кој започнува да важи од наредната сезона.
 
Мавсар, инаку, е третата нова ракометарка што од летово ќе биде дел од ЖРК Вардар, откако претходно клубот ги договори Норвежанката Камила Херен  Французинката Александра Лакрабер.
 
Левото крило на Крим сезонава во Лигата на шампионките одигра шест натпревари и постигна 33 гола. Лани одигра 12 меча и постигна вкупно 73 гола, а настапи и на двата дуели со Вардар (11 и 8 гола).
 
Од сезоната 2008/2009 со тимот на Крим постојано игра во европските купови, во Лигата на шампионките. Сезонава по елиминацијата од ЛШ, со Крим игра во четврт-финалето на КПК.