Македонија
23. May 2020 - 16:47

Матурантите од Штип направија он-лајн прослава

Матурска забава во време на корона криза. Матурантите од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ од Штип ја организираа првата on line матурска вечер. Во празниот хол на училиштето настапуваше групата noend, а концертот се пренесуваше во живо, па околу 200 матуранти се забавуваа во своите домови пред комјутерите и мобилните телефони. Директорката на училиштето Емилија Рамбабова вели дека поради корона кризата се одлучиле на ваква неконвенционална прослава. Во текот на вечерта на матурантите им се обратија и класните раководители.

Покрај матурантите, забавата ја проследиле и нивните најблиски и пријателите, а страницата на училиштето има 13 000 прегледи. Матурската забава започна во 21 часот, траеше 2 и пол часа, а матурантите на членовите на бендот претходниот ден им доставиле и листа со песни кои сакале да им бидат исполнети.