Свет
20. August 2017 - 19:14

Матис: САД со нова стратегија за Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека администацијата на претседателот Доналд Трамп донела одлука за нова стратегија за Авганистан.

Матис, кој денеска пристигна во Јордан, одби да открие детали за новата стратегија за Авганистан, додавајќи дека тоа треба да го направи Трамп

Одлуката е донесена по повеќемесечно разгледување на ситуацијата во Авганистан.

Пентагон пред неколку месеци го разгледуваше планот за испраќање на околу 3.800 дополнителни војници со цел да се зајакне авганистанската армија, која не може да се справи со бунтот на талибанците.

Во Авганистан се стационирани околу 8.400 американски војници кои се поддршка на локалните власти во борбата против бунтовниците по повлекувањето на меѓународните сили кон крајот на 2014 година.