Матис: Целта на САД не е војна со Северна Кореја
Целта на Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп не е војна со Северна Кореја, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.
Матис, кој ја посети демилитаризираната зона на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, предупреди дека, сепак, севернокорејските постапки и нивното градење на нуклеарен арсенал може да предизвикаат катастрофа.
Тој го посети контролниот пункт на јужнокорејската армија од кој може да се види добро чуваната граница, при што потенцира дека САД бараат од Северна Кореја целосно да се откаже од нуклеарното оружје.
Се проценува дека Пјонгјанг поседува 15-на атомски бомби, а нејзината армија забрзано развива проектили со кои овие бомби би можела да ги лансира до Јужна Кореја, Јапонија, па дури и до САД.
- И покрај едногласните осуди од страна на Советот за безбедност на Обединетите Нации, провокациите на Северна Кореја и натаму претставуваат закана за регионалната и глобалната безбедност. Како што кажа и државниот секретар Рекс Тилерсон, нашата цел не е војна туку целосна денуклеаризација на Корејскиот Полустров, порача Матис.
Посетата на Матис е претходница на турнејата што Трамп ќе ја има низ источна Азија во првата половина на ноември при што треба да ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Филипините.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната