-->
-->
Матеуш Моравјецки именуван за нов полски премиер
-->
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и официјално го именуваше досегашниот министер за финансии Матеуш Моравјецки за нов премиер на Полска.Именувањето на Моравјецки уследи откако досегашната полска премиерка Беата Шидло синоќа поднесе оставка на функцијата, по што раководството на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС) реши за нов претседател на Владата да го предложи Моравјецки.
Како што претходно јави МИА, портпаролката на ПиС, Беата Мазурек соопшти дека Шидло ја поднела оставка за време на состанокот на партиското раководство.
Мазурек нагласи дека ПиС сака Шидло да дојде „на друга важна позиција во Владата“, но не прецизираше за која функција се работи.
Критичарите на полската Влада смената на Шидло ја оценија како „кревање прав“ со цел да се сврти вниманието од усвојувањето на законите за реформи на правосудството, со кои извршната власт добива поголема контрола врз судскиот систем.
Претходно денеска, Долниот дом на полскиот Парламент, Сејмот со 239 гласови „за", 171 „против" и 24 воздржани го усвои законот со кој се менува начинот на избор на членовите на Врховниот суд на Полска.
До крајот на денот се очекува Сејмот да го усвои и Предлог-законот со кој се менува постапката на номинирање на судии.
Венецијанската комисија при Советот на Европа ги окарактеризира промените како „сериозна закана" за независноста на полското правосудство.
По Сејмот, двата закони треба да ги одобри и Сенатот, каде владејачката ПиС има доволно мнозинство за нивно усвојување, по што пред да стапат во сила треба да биде ги потпише претседателот Дуда.
Судските реформи, што во јули ги одобрија двата дома на Парламентот доведоа до масовни протести, на кои учествуваа над 100 илјади лица. Тогаш претседателот Дуда стави вето на два од законите и понуди своја верзија на реформата.
Опозицијата предложи да бидат одбиени верзиите на Дуда, но во ноември Сејмот го отфрли таквото барање и владејачкото мнозинство гласаше да продолжи усвојувањето на предлог-законите на претседателот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Aвстралија официјално ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
-

Земјотрес во близина на Кичево
-

УНИЦЕФ: Во Србија живеат 108.000 девојки и жени кои се омажиле пред да станат полнолетни
-

Авиолинија Скопје - Бодрум со „Изиџет“ од следното лето
-

Египет ќе користи вештачка интелигенција за борба против дезинформации
-

Трамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САД
-

Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, приведен 47-годишник | ФОТО
