Свет
18. November 2015 - 18:51

Масовни руски напади врз позициите на ИД во Сирија

Руските воздушни сили денеска изведоа „масовни напади“ врз цели на Исламска држава ширум Сирија, гаѓајќи ги со крстосувачки ракети, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на високиот воен претставник Андреј Картаполов.

- Денеска беа изведени 59 од планираните 100 напади врз цели на ИД во покраините Рака, Идлиб, Деир ал-Зор, а ликвидирани се 149 терористи, наведе Картаполов

Русија денеска соопшти дека нејзините авиони гаѓаат и камиони, со кои се превезува нафта и нафтени деривати, а им припаѓаат на ИД.