Loading Video...
Свет
27. November 2022 - 16:32

Масовни протести во Кина со барање за слобода од ковид мерки и оставка на претседателот

Протестите во Шангај кои почнаа како револт против ковид мерките прераснаа во антивладини демонстрации. Дел од демонстрантите го повикаа претседеателот Кси Џипинг да поднесе оставка, слики што се реткост во Кина.

На интернет се проширија и снимки од студенти кои демонстрираа на универзитетите во Пекинг и Нанкинг, но тие бргу беа тргнати. Тие со бели листови во рацете побараа владата да не применува цензура.

Протестите започнаа во градот Урумчи откако десет луѓе загинаа во пожар во висококатница која била заклучена поради ригорозните ковид мерки. Иако градските власти ова го негираа, демонстарнтите организирано излегоа на улиците, барајќи укинување на владината ковид политика и враќање на нормалниот живот.

Заморот расте во Кина поради правилата кои се заоструваат и со најмал пораст на заболени во земјата. Милиони Кинези се веќе уморни од тригодишното ограничување на движењето и секојдневните тестирања. И покрај достапните вакцини од сопствено прозиводство, Кина продолжува да наметнува карантини веднаш штом се појават случаи на ковид. За разлика од другите големи економии, само уште Кина се залага за нулта ковид политика.

Според глобалните стандарди Кина има ниско ниво на ковид случаи, но последниве денови забележан е рекорден пораст од 40 000 случаи на ден.