Македонија
23. August 2019 - 17:10

Масовни кражби на охридските плажи - не само од Охрид, арамии има од цела Македонија

Крадци од цела Македонија оперираат во Охрид. Во екот на туристичката сезона плажите долж езерото, паркинзите и становите се мета на крадците. Додека туристите опуштено одмараат покрај кејот или пливаат разладувајќи се на жешкото време џепчиите го користат и најмалото невнимание одземајќи паричници,телефони ,фотоапарати,камери ,накит и други вредни предмети.

Од охридската полиција апелираат до посетителите повеќе да внимаваат на своите предмети кои се лесен плен за крадците.

Инаку во првите шест месеци на подрачјето на СВР Охрид случени се 117 тешки кражби, меѓутоа во екот на сезоната ваквите казнени дела се во пораст како резултат на зголемениот број на посетители.