Масовна тепачка во кафе бар во Ресен
Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ПС – Ресен до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против девет лица, поради основ на сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ .
Пријавените Б.М.(36) од Ресен, Х.И.(35) од Скопје Ж.М.(47) од Охрид, П.С.(31) од Охрид, К.С.(37) од Охрид , М.К(39) од Охрид, А.Н(39) од Ресен, Н.К(36) од Ресен и О.Д(41) од Ресен, делото го сториле на 01.08.2015 година околу 22,00 часот во кафе бар во Ресен, на начин што седмо, осмо и деветтопријавените, со други лица седеле на една од масите во локалот, а на соседната маса во еден момент седнале останатите пријавени.
По кратко време помеѓу пријавените настанала кратка вербална расправија, а потоа започнала и физичка пресметка , при што настанал општ неред и тепачка со фрлање на делови од инвентар и шишиња. Притоа дел од пријавените се здобиле со телесни повреди.
Со дејствието се предизвикало чувство на несигурност и страв и загрозеност кај многумина присутни гости во локалот, кои го напуштиле истиот оставајќи лични предмети и неплатени сметки за добиените услуги.
Ново на Сител
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти