Mасовен напад со руски дронови врз Киев
Украинскиот главен град е нападнат од десетици руски борбени дронови, објави ДПА, повикувајќи се на соопштение од киевските власти.
-Според прелиминарните информации, во округот Соломијански горат неколку пожари, напиша началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, на апликацијата Телеграм.
Сите пожари горат во станбени згради.
Ткаченко рече дека веројатно има штета, но не даде дополнителни детали.
Штетата предизвикана од дронови е пријавена во најмалку четири други области на украинскиот главен град.
Противвоздушната одбрана во градот се слуша како работи со часови.
Според украинските воздухопловни сили, руската армија, исто така, испалила најмалку една хиперсонична ракета.
Претходно синоќа, началникот на регионалната администрација на Донецк, Вадим Филашкин, објави дека најмалку пет лица се убиени во руските напади во областа. Најмалку 12 други се повредени.
Нападот се случува помалку од 12 часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Путин му рекол на Трамп дека нема да отстапи од своите цели, но останува отворен за решавање на конфликтот преку преговори.
Трамп го покренал прашањето за брзо запирање на војната, додека Путин истакнал дека Русија е подготвена за преговори, но останува фокусирана на отстранување на „причините за конфликтот“. Тој се повикал на преговорите започнати во Истанбул, каде што се одржаа два круга разговори меѓу Русија и Украина. Москва бара Украина да отстапи четири делумно окупирани области, покрај анектираниот Крим, и да се откаже од амбициите за членство во НАТО. Киев, пак, смета дека овие услови се неприфатливи.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје