Маските за лице ја загадуваат животната средина
Личната заштитна опрема за еднократна употреба (ППЕ) значително придонесува за веќе сериозната криза со загадување со пластика, предупредуваат експертите.
Се проценува дека 194 милијарди заштитни маски и ракавици за еднократна употреба се користат секој месец низ целиот свет како резултат на пандемија на коронавирусот, според истражувањето од областа на животната средина, пренесува Скај њуз.
ППЕ обично се прави од разни пластики, вклучувајќи полипропилен, полиетилен и винил.
Волонтерите низ Велика Британија се сведоци на големо пораст на количината на ѓубре на улиците, плажите, каналите и реките како резултат на маските за еднократна употреба.
За целосно распаѓање на пластичните маски за еднократна употреба што завршуваат во море, потребни се и до 450 години за нивно целосно распаѓање и напуштање на морскиот екосистем, според податоците на „Океани без отпад“.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер