Македонија
18. јуни 2017 - 13:42

Маскиран разбојник ограбил спортска обложувалница во Чаир

Непознат сторител извршил разбојништво вчера околу 10:00 часот во спортска обложувалница на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, сторителот со закана со пиштол и солзавец ги испрскал вработените, од касите одзел непозната сума пари и побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.