Маск на Твитер стави новата анкета со прашање за враќање на укинатите профили
Елон Маск почна ново истражување за враќање на суспендираните кориснички профили на Твитер, користејќи го истиот метод како и во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесуваат франмцуските медиуми.
„Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за укинатите налози, под услов корисниците да не го прекршуваат законот и да не се впуштаат во скандалозно „спамирање“? Да/Не“, е прашањето на кое требаше да одговорат корисниците на Твитер.
Пет часа подоцна пристигнаа одговори од околу два милиона корисници, кои во огромно мнозинство гласаа „ЗА“, односно за повторно активирање на прекинатите сметки.
Маск, новиот сопственик на Твитер, откако анкетата за Трамп покажа дека над 50 отсто гласале за обновување на профилот на поранешниот претседател, во сабота го врати својот профил, кој беше суспендиран по минатогодишниот напад на американскиот Капитол.
„Народот одлучи. Трамп ќе биде вратен на функцијата“, напиша Маск пред четири дена на Твитер по 15 милиони одговори на истражувањето за враќање на профилот на американскиот милијардер и поранешен претседател. За негова „рехабилитација“ гласале 51,8 отсто од корисниците на Твитер.
„Vox Populi, Vox Dei“, напиша Маск на Твитер, латинска фраза што значи „гласот на народот е гласот на Бога“.
Твитер претходно врати некои контроверзни профили што беа забранети или суспендирани, вклучително и сатиричната веб-страница Babylon Bee и на комичарката Кети Грифин.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите