Маск ги праша корисниците на Твитер дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата
Милијардерот Илон Маск објави анкета на Твитер во која ги прашува корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и побара од луѓето да гласаат. Тој порача дека ќе се придржува до резултатите од анкетата.
Во неколку објави по анкетата, Маск посочи дека е сериозен околу повлекувањето од функцијата шеф на компанијата, но не е јасно каква ќе биде иднината на Твитер доколку тој се повлече од функцијата извршен директор.
„Како што вели поговорката, внимавајте што посакувате затоа што може да се оствари“, напиша Маск на Твитер.
Тој ја објави анкетата синоќа, а позитивно се изјаснија 58 отсто од анкетираните.
Откако го купи Твитер за 44 милијарди долари и ја презеде функцијата извршен директор на крајот на октомври, Маск отпушти неколку директори и околу половина од вработените. На преостанатите работници им даде ултиматум дека „мора да работат многу напорно или да заминат“. Потоа уште илјада вработени го напуштија Твитер. Исто така, Маск ги отпушти вработените кои отворено не се согласуваа со него.
Маск на Твитер зборуваше за слободата на говорот, поради што дозволи некои луѓе повторно да го имаат нивниот Твитер профил, како што е поранешниот американски претседател Доналд Трамп и „други луѓе кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи“.
Во меѓувреме, брендовите почнаа да ги отстрануваат своите реклами од Твитер. Милијардерот и претходно често изјавуваше дека финансиите на Твитер се лоши, а анкетата што ја објави, како што наведуваат агенциите, можеби е показател дека Маск не е целосно задоволен од она што го прави во компанијата како извршен директор.
Ново на Сител
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот