Џет-Сет
25. July 2016 - 15:22

Машкиот пол полуде по сестрата на Кристијано Роналдо и нејзините бујни гради!

Катја Авеиро (39) е на добар пат да го засени својот славен брат, еден од најдобрите фудбалери на светот - Кристијано Роналдо.

Имено, Катја преку ноќ стана интернет сензација кога започнале да ја следат речиси 100.000 луѓе на социјалната мрежа Инстаграм кадешто објавува провокативни фотографии.

Таа уште во 2005 година создаде кариера во поп музиката под името Ла Роналда, а пред две години се појави во португалската верзија на реалното шоу „Опстанок”. Нејзиниот сон е да ја претставува својата земја на Евровизија.

Минатиот месец пејачката била во Кан кадешто настапувала на разни забави и настани во рамките на престижниот филмски фестивал.

Катја ги воодушеви нејзините следбеници на Инстаграм со фотографиите од нејзините раскошни облини, но и мирните моменти со семејството.

Таа е и популарна блогерка во својата земја, а пишува за исхраната и дава совети како да ги задржите облините и насмевката. Редовно оди во теретана и има два сина - Родриго и Денис.