Живот
19. December 2015 - 18:45

Машина која размислува како човечкиот мозок

Научниците направиле машина која го имитира начинот на кој човечкиот мозок ги учи новите поими, што претставува напредок во истражувањето на вештачката интелигенција.

Системот е всушност компјутер, кој ја копира човечката едноставна способност да прима и разбира нови концепти, нагласуваат експертите од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и Универзитетите во Њујорк и Торонто.

Постоечките информатички програми можат да го препознаат човечкиот глас или одделни предмети врз основа на многуте примери на кои биле изложени и од кои можат да извлечат асоцијации.

Новиот компјутер, исто како и луѓето, е во состојба брзо да учи пишани буква од различни азбуки, а научниците се надеваат дека наскоро ќе може да препознава и други симболи, како гестови, движења во танцот и изговорени зборови.

- Сакавме да создадеме машина која ќе може да ги имитира менталните способности на мало дете, изјави професорот од МИТ, Џошуа Тененбаум.