Свет
29. October 2019 - 15:52

Масакр во Австрија: Турчин со нож ги убил жената и ќерката (2) и го задушил 11-месечниот син

Самет А. (31) е осомничен дека во неделата во Котингбург во Австрија ја избодел и ја убил сопругата Тугба (29) и двегодишната ќерката Туама, а потоа го задушил својот 11-месечен син Телман.

Како што се наведува, Самет А. ја повикал полицијата и рекол дека го убил своето семејство.

Кога службата за Итна помош стигнала на местото на злосторството, бебето се уште било живо, и во критична состојба било префрлено во болница.

Меѓутоа, детето не издржало долго и починало во болница малку подоцна.

Портпаролот на полицијата Валтер шварзенекер изјави дека Самет е уапсен пред својата куќа и не пружал отпор при апсењето.

Осомничениот трикратен убиец и неговата сопруга наводно воделе патничка агенција. Имал австриско државјанство, а по потекло бил од Турција.

Делото го извршил со кујнски нож.