Марко Паники, тренерот на Ѓоковиќ позитивен на Ковид-19
Марко Паники, тренерот на број еден тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус, потврдија од екипата на Новак, јавува српски „Телерграф“.
Биле направени тестови за корона на 23 тенисери, а од нив тројца се позитивни на корона меѓу кои е и најдобриот хрватски тенисер Борна Ќориќ, дознава „Вечерњи“, но и Кристијан Грох.
Паники, Ќориќ и Грох остануваат во Задар во самизолација.
Уште 19 други тенисери учесници на „Адриа купот“ биле тестирани, но тестовите биле негативни и тие можат да го напуштат Задар.
Имено и покрај тоа што неговиот тренер е позитивен на коронавирус, сепак првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус во Хрватска.
Григор Димитров, еден од тенисерите со кои Ѓоковиќ беше во близок контакт и кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека се заразил.
Сепак Ѓоковиќ истакнал дека не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото се однесува и за другите лица од неговиот тим и околината.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец