Спорт плус
21. July 2020 - 15:34

Маркез успешно опериран, се подготвува да се врати на патеката

Шампионот на МотоГП, Марк Маркез, бил успешно опериран по падот изминатиот викенд на патеката во Херез.

Шпанецот заработи скршеница на раката и мораше да биде подложен на операција.

Како што беше соопштено од неговиот тим, Репсол Хонда, постапката се спровела без поголеми проблеми.

„Фрактурата е санирана, метална плоча е вметната во Марк за да може коската да расте, нема оштетување на нервите“, се наведува во соопштението на тимот.

Наводно, Маркез би можел да се врати на патеката на 9 август, кога ќе се одржи Чешкото Гран при во Брно.

Тој дефинитивно ќе го пропушти следниот викенд, а неговиот тим ќе се натпреварува со само еден возач – неговиот брат Алеиш.