Loading Video...
Спорт плус
5. May 2019 - 15:12

Маркез победник на трката во Херез

Во Мото ГП шампионатот денеска се возеше четвртата трка. 
 
На задоволство на домашната публика во Херез, каде се возеше трката за Големата награда на Шпанија, првите три места ги освоија шпанските мотоциклисти 
 
Најбрз беше актуелниот шампион Марк Маркез од тимот на Репсол Хонда кој до својата втора победа сезонава стигна пред сонародниците Алакс Ринс од Сузуки и Маверик Винањес од Јамаха. 
 
Во Генералниот поредок, Маркез е лидер сега со 70 бодови само еден повеќе од Ринс. 
 
По Шпанците следуваат двајцата Италијанци, Довициозос со 67 и Роси со 61, возачи кои денешната трка ја завршија на четвртото и шестото место. 
 
Следната трка на програмата е на 19 мај кога ќе се вози за Големата награда на Франција