Loading Video...
Спорт плус
22. September 2019 - 15:54

Маркез ја продолжува доминацијата во Мото ГП шампионатот

Шпанецот, Марк Маркез уште еднаш потврди дека во  Мото ГП шампионатот му нема рамен. 
 
Возачот на Хонда, во својот јубилеен 200-ти настап во „кралската“ категорија стигна до триумф, на трката која се возеше за Големата награда на Арагон во Шпанија. 
 
Маркез зад себе ги остави конкурентите од  Дукати, Италијанецот, Андреа Довициозо и Џек Милер од Австралија.
 
Маркез за кој сезонава ова беше осма победа,  е убедливо прв во Генералниот поредок сега со 300 бодови или 98 повеќе од второ рангираниот Довициозос, додека трето рангираниот Риск заостанува многу со само 156 освоени бодови. 
 
Следната трка во Мото ГП е на 6 октомври кога ќе се вози трката за Големата награда на Тајланд.