Loading Video...
Спорт плус
21. October 2018 - 16:00

Маркез ја освои петата титула во Мото-ГП

Шпанецот Марк Маркез е старо-новиот шампион во најсилната класа Мото-ГП. 
 
25-годишниот Маркез победи на денешната трка возена за Големата награда на Јапонија, со што ја одбрани титулата светски првак. 
 
Шпанецот денешната трка на домашната патека на Хонда ја мина најбрзо, откако во претпоследниот круг неговиот најголем конкурент за титулата Андреа Довициозо падна.
 
Со својата седма овосезонска победа и новите бодови (вкупно 296), Маркез на три трки до крајот на сезоната е недостижен за останатите на врвот во Генералниот пласман.
 
Со тоа, Маркез ја обезбеди петта титула светски првак во „кралската класата“, а вкупно седма во неговата кариера.