Мариупол е во рацете на Русите, соопшти градоначалникот
Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.
– Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на Русите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.
Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари.
– Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко. – И навистина е страшно, додаде тој.
Си-Ен-Ен истакнува дека не е познато дали се уште има борби во градот.
Украинските власти тврдат дека руските сили спречиле хуманитарни конвои безбедно да се приближат или да излезат од градот. – Потребна ни е целосна евакуација од Мариупол, рече Бојченко. – Нашата најважна мисија денес е да го спасиме секој живот… И има надежи дека ќе успееме. На пример, има 26 автобуси кои треба да одат до Мариупол за да евакуираат, но за жал, тие не добија дозвола за движење, појасни градоначалникот.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија