Македонија
4. July 2019 - 14:55

„Марија те сакам“ - „Тигрите“ спасуваа момче качено на кран во симулациска вежба

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи - Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини.

Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави беше реализирана во периодот од 24 јуни до 5-ти јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво, Обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS - Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите ( Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. 

За поуспешна реализација на нивните активности придонесоа донациите во опрема на Француската амбасада во Скопје како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.