Џет-Сет
16. April 2016 - 14:23

Марија Шерифовиќ откри за колку пари ќе облече фустан

Марија Шерифовиќ, познатата пејачка која ја претставуваше Србија на Евровизија и која сега ја гледаме како судија во Ѕвездите на Гранд, е позната по тоа што се облекува како машко. Таа откри кога повторно би носела фустан.

Марија последен пат со кратко здолниште е видена пред шест години, кога имаше концерт во Конбанк арената. 

- Не верувам дека повторно ќе ме видите ваква. Ќе мора некој дебело да плати за да облечам кратко здолниште, рече таа.