Џет-Сет
26. January 2018 - 12:32

Марија и Карлеуша беснееле во студиото - на Аца Лукас му се заканува затвор!

Гостувањето на Аца Лукас и остатокот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ во емисијата Кирилица, предизвика бројни реакции на јавноста. Најмногу внимание, но и осуда, предизвика говорот на омраза на Лукас, насочен кон ЛГБТ популацијата.

Во емисијата, Лукас изрекол низа навреди на сметка на хомосексуалците, а на тоа му се спротивставиле колешките Марија и Јелена.

- Кај нив загрозен е мозокот, Да има право на било што, Господ би му дал матка, а не задник – се само дел од коментарите кои Лукас ги упатил кон припадниците на оваа заедница.

Токму затоа, Лукас заради изреченото во емисијата би можел да сноси одредени последици.

Експертите  објаснуваат дека Лукас според законот, поради овие зборови би можел да биде санкциониран на неколку начини, вклучувајќи ја и затворската казна.