Маричиќ: За жал нема да бидам дел од владината делегација во Бугарија поради позитивен тест на Ковид-19
Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања не е дел од владината делегација која денеска замина за Софија бидејќи добил позитивен тест на ковид-19.
-Започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија, на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји. Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи. Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид – 19 и покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација. За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата. Со успех, информраше Маричиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна