Маричиќ: Шарената револуција ни донесе слобода која сега мора да ја чуваме и унапредуваме
Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на настанот организиран од „Цивил“ по повод петгодишнината од почетокот на „Шарената револуција“. Маричиќ кажа дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес.
- Велевме „Нема правда – Нема мир“ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем.
За Маричиќ паролата „Нема правда – Нема мир“ е уште жива и е водилка која ни покажува дека никогаш не смееме да го изгубиме фокусот од правдата како фундамент за секое развиено и модерно општество.
Ново на Сител
-
Русија повторно побара седница на Советот за безбедност на ОН за бомбардирањето на НАТО на Југославија
-
Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата
-
При судар на два автомобили во Скопје, прегазена и малолетничка
-
Мицкоски за партиите кои ја напуштаат власта: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори
-
Тинекс ја отвори втората SPOT продавница, или како што тие ја нарекуваат, „продавница на место“
-
Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство
-
Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка
-
СДСМ: Бесплатен топол оброк за учениците