Македонија
15. September 2020 - 11:58

Маричиќ: Пречистувањето во судството да не биде процес на прогон

Министерот за правда Бојан Маричиќ, вели се водат интензивни консултации со институциите преку кои ќе спроведува процесот на пречистување во правосудството.   Утринава имал средба со шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во текот на утрешниот ден и со претседателот на антикорупциска.

- Важно е тој модел на пречистување да не е процес на прогон. Целта е да се откријат судиите кои работат нечесно и непрофесионално, вели Министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Тој најави дека од почетокот на идната година ќе почне процес на следење на 50-тина судски случаи од висока корупција, проект кој ќе се реализира во соработка со ОБСЕ и ЕУ.

 

Зоран Јаневски