Маричиќ од Подгорица: Западен Балкан заслужува сигурна и европска иднина
Министерот за правда Бојан Маричиќ во говорот на конференцијата „Балканскиот интеграциски форум 2021“ кој се одржа во Подгорица, истакна дека од геостратешки интерес е на Унијата да го интегрира Западен Балкан. Според него моменталната ситуација дава простор да се отвораат нови прашања, а блокадите ќе продолжат да ги охрабрува ретроградните сили кои се противат на европското единство и вредности.
– Знаеме дека државите од Западен Балкан имаат уште многу работа, реформи, предизвици и искушенија. Но, сега е вистинско време Унијата да покаже дека има јасен план за регионот, зошто во спротивно дава шанса на други држави, кои несомнено имаат стратешки интереси за регионов, рече Маричиќ, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Тој во својот говор, се осврна и на реформите во правосудството и на интеграцискиот процес на нашата држава која според него покажа вистински европски вредности, политичка волја за спроведување на реформи и стана пример за решавање на најтешките децениски прашања низ дијалог и дипломатија.
– Како држава и Влада покажавме искрена и силна заложба и посветеност во европеизацијата на земјата. Започнавме со акциски план за европски реформи дома систематизирани во десет приоритети. Со ова испративме јасна порака дека Македонија е сигурна на стратешкиот колосек и дека остануваме на реформскиот пат и без датум за отпочнување на преговорите со Унијата, бидејќи тоа е пред сè добро за државата и граѓаните. Сега е ред на Унијата, истакнал Маричиќ.
Панелисти и учесници на форумот беа истакнати политичари, поранешни и сегашни функционери, дипломати и експерти, од Европа и регионот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација